Достапни линкови

Грчката премиерка положи заклетва


Привремената Влада на Грција, која ја предводи правата жена премиер Василаку Тану, денеска положи заклетва. Повеќето членови на новата Влада положија религиозна заклетва пред архиеписокот на Атина и цела Грција Јероним, а министерот за финансии Јоргос Хулиракис и министерот за образование Ангелики Киау положија граѓанска заклетва. За денеска е закажана првата седница на новиот кабинет, кој има 23 министри и заменици-министри, од кои некои како министерот за финансии беа во тимот и на претходната влада на Алексис Ципрас. Се очекува денеска грчкиот претседател да го распушти Парламентот и да објави предвремени парламентарни избори на 20 септември.

XS
SM
MD
LG