Достапни линкови

Поранешен руски пратеник осуден на 17 години затвор


Поранешен руски пратеник е осуден на 17 години затвор за неговата улога во организирањето на убиството на пратеничката Галина Старовоитова. Пресудата против Михаил Глушченко денеска беше изречена од страна на судот во Санкт Петербург. Во 2013 година, Глушченко беше обвинет за соучество во убиството на Старовоитова, ко-претседател на Демократската партија на Русија. Во март 2015 година, Глушченко направи договор со истражителите и тврдеше дека бизнисменот Владимир Басруков го наредил убиството на Старовоитова, откако таа го стопирала да воспостави врски со голем број на корумпирани функционери. Старовоитова беше убиена во нејзиниот стан во зграда во Санкт Петербург на 20 ноември 1998 година.

XS
SM
MD
LG