Достапни линкови

Забранета исламска партија во Таџикистан


Министерството за правда на Таџикистан ја забрани Партијата на исламската преродба на Таџискистан (ХНИТ), давајќи и на единствената регистрирана исламска партија 10 дена да запре со сите активности. Според резолуцијата што денеска ја издаде министерството, ХНИТ не може легално да продолжи со своите активности, бидејќи немала доволно членови да се квалификува како официјално регистрирана партија. Министерството информираше дека сите филијали на партијата се затворени. ХНИТ играше важна улога во катастрофалната цивилна војна во Таџикистан од 1992 до 1997 година, во која загинаа десетици илјади луѓе и повеќе од милион беа раселени. Партијата беше застапена во таџискистанскиот Парламент 15 години, до тоталниот пораз на парламентарните избори во март.

XS
SM
MD
LG