Достапни линкови

Во Вашингтон митинг против иранскиот нуклеарен договор


Доналд Трамп

Доналд Трамп

Републиканските кандидати за американски претседател Доналд Трамп и Тед Круз ќе го предводат митингот пред Капитол Хил во Вашингтон во идниот месец против нуклеарниот договор постигнат со Иран. „Ќе имаме многу луѓе надвор“, изјави Трамп, најавувајќи го настанот што е организиран од Ти Парти, од Центарот за безбедносна политика и од Ционистичката организација во Америка. „Секој кој е јавна личност и кој е против договорот, е од корист и треба да зборува против оваа катастрофа. Тоа не е договор, тоа е катастрофа“, изјави претседателот на Ционистичката група Мортон Клајн, најавувајќи дека митингот најверојатно би се одржал на 9 септември.

XS
SM
MD
LG