Достапни линкови

За прв пат милијарда луѓе во еден ден го користеа Фејсбук


За прв пат во само еден ден Фејсбук го користеа милијарда луѓе. Шефот на Фејсбук, Марк Закерберг на својата страница на оваа социјална мрежа објави дека во понеделникот нејзините услуги ги користел секој седми жител на Земјата. Фејсбук во јуни имал 968 милиони корисници дневно. Фејсбук вкупно има милијарда ипол корисници активни на таа мрежа барем еднаш месечно. Повеќето корисници на Фејсбук живеат надвор од Соединетите држави и Канада.

XS
SM
MD
LG