Достапни линкови

Наесен најголеми воени вежби на НАТО од 2002 година


НАТО наесен ќе ги одржи своите најголеми воени вежби од 2002 година, со учество на 36 илјади војници. Вежбите, како што е соопштено, не биле поврзани со затегнатите односи со Русија. Тие ќе се одвиваат од 3 октомври до 6 ноември во Италија, Шпанија и Португалија и во нив ќе бидат ангажирани 27 од 28 членки на НАТО и седум земји партнери на Алијансата. „Одлуката за вежбите е донесена на самитот одржан во 2012 година во Чикаго“, изјави во Вашингтон францускиот генерал Жан Пол Паломерос, врховен командант на сојузничките сили за реформи на НАТО.

XS
SM
MD
LG