Достапни линкови

Скок на американската економија, доверба на берзите


Американската економија во изминатите три месеци забележа голем скок што помогна да се потисне загриженоста на светските берзи. Најголемата економија во светот бележи пораст од 3,7 насто на годишно ниво, што е многу повеќе од првите три месеци на оваа година кога порасна за анемични 0,6 проценти. За разлика од Соединетите држави, Јапонија бележи пад од 1,6 насто, додека Германија има раст од 0,4, а Британија од 0,7 проценти.

XS
SM
MD
LG