Достапни линкови

Виенски обврски за Западен Балкан


Со декларацијата усвоена на самитот за Западен Балкан во Виена земјите учеснички се обврзаа дека меѓусебните несогласувања нема да ги злоупотребуваат една против друга во процесот на европските интеграции, како и дека ќе ја прифатат поддршката на Европската унија во решавањето на билатералните спорови. На самитот е заклучено дека е потребно поголем напор за да се забрзаат домашните реформски процеси, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Што се однесува до Македонија се наведува дека е неопходно да се зголемат напорите за изнаоѓање компромис меѓу Македонија и Грција за спорот со името. Во врска со илегалната имиграција лидерите го потенцираа значењето на организирање конференција на високо ниво, посветена на предизвиците на западно балканската рута.

XS
SM
MD
LG