Достапни линкови

Меркел: Остануваат истите услови за почнување преговори со ЕУ


Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска во Виена дека Европската унија нема да поставува нови услови за почнување преговори за членство на Србија. Меркел нагласува дека Србија значително се приближила до отварањето на првото поглавје од преговорите, но точен датум за тоа се уште нема. „Исполнети се одредени работи, кои ние претходно ги поставуваме како услови за почеток на преговорите. Не треба да се очекува дека ЕУ сега ќе измислува нови предлози“, рече Меркел. Таа призна дека пред неколку месеци не била сигурна дека ќе биде постигнат таков напредок во преговорите за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. Меркел додаде дека ЕУ прво треба да ги анализира спогодбите меѓу двете земји, кои беа постигнати оваа недела, пред да продолжи процесот на интеграција на Србија.

XS
SM
MD
LG