Достапни линкови

Налог за апсење на поранешниот премиер на Пакистан


Судот во Пакистан издаде налог за апсење на поранешниот премиер Јусаф Раса Гилани и еден од неговите високи министри Махдум Амин Фахим. Тие се обвинети за земање милиони долари поткуп додека биле на власт. Антикорупцискиот суд нареди апсење на Галини и Фахим и да се појават на суд на 10 септември. Гилани беше премиер од 2008 до 2012 година, може да поднесе жалба до повисок суд да му дозволи да плати кауција и да избегне апсење пред судењето. Поранешниот министер Фахим во моментов добива третман за рак во Британија.

XS
SM
MD
LG