Достапни линкови

БиХ се подготвува за евентуален прилив на имигранти


Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ изјави денеска дека властите на Босна и Херцеговина се подготвуваат за евентуален прилив на бегалци од арапските и африканските земји. Мектиќ не прецизираше во што се состои нивната подготовка. „Босанските власти сметаат дека ограничувачките мерки, преземени од Унгарија, која гради ограда на границата со Србија за заштита од имигранти, може да принуди некои од нив да побараат други патишта кон земјите од Европската унија, евентуално преку БиХ, истакна Мектиќ.

XS
SM
MD
LG