Достапни линкови

logo-print

Василики Тану времен премиер на Грција


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ја именува претседателката на Врховниот суд Василики Тану за премиер, што треба да состави времена влада, која ќе ја води земјата до предвремените избори следниот месец. 65-годишната Василики Тану ќе биде првата жена на премиерската функција во Грција. Таа треба да положи заклетва денеска и ќе именува влада, која треба да положи заклетва утре. Изборите во Грција се очекува да се одржат на 20 септември. Досегашниот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка минатата недела околу седум месеци по изборот. Неговата коалициска влада беше погодена од внатрешен бунт од левичарската СИРИЗА поради одлуката да ги прифати условите за штедење со новиот пакет помош за земјата.

XS
SM
MD
LG