Достапни линкови

logo-print

Загинатите во Австрија - предупредување за бегалската криза


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека откривањето на најмалку 20 загинати мигранти во камион во Австрија, е предупредување дека Европа мора да излезе на крај со бегалската криза. Зборувајќи на Самитот во Виена, Меркел рече: „ова не потсетува дека мора да се справиме брзо со проблемот со имиграцијата, во европски дух, а тоа значи во духот на солидарноста и дека треба да најдеме решенија.“ Таа исто така додаде дека земјите од Балканот се соочуваат со „големи предизвици“, справувајќи се со илјадници мигранти од земјите погодени од конфликтите на Блискиот Исток и Африка, кои се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. Австриската полиција соопшти дека се најдени 20 до 50 мртви тела на мигранти во камион паркиран во близина на унгарската граница.

XS
SM
MD
LG