Достапни линкови

Болт го освои четвртото светско злато на 200 метри


Јамајканецот Усаин Болт истрча најбрзо време во годината 19.55, освојувајќи го четвртиот последователен златен медал на Светските првенства на трките на 200 метри. Со денешната победа во Пекинг, 29-годишниот олимписки шампион го освои десетиот златен медал на светските шапмионати. Тој има мможност да освои уште еден, бидејќи викендов ќе биде дел од тимот на Јамајка на штафетата 4x100. Јамајканецот доминира на спринтерските трки од олимпијадата во Пекинг во 2008 година.

XS
SM
MD
LG