Достапни линкови

Меркел: ЕУ да даде поддршка за иднината на регионот


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази задоволство од динамичната соработка во регионот на Западен Балкан, нагласувајќи дека ЕУ мора да даде поддршка за надежта и иднината на регионот, што веќе и го прави. Меркел, на конференција за новинари по завршување на Самитот за Западен Балкан, истакна дека премиерите на земјите од регионот, без присуство на австрискиот и германскиот канцелар, како и претставник на Европската комисија, имале средба и разговарале за проблемите. „Благодарение на тоа сега имаме низа резултати, како што е денешното потпушување на договорот за размена на млади. Мораме да ја поддржиме надежта и иднината на регионот, а тоа ЕУ веќе го прави, истакна Меркел.

XS
SM
MD
LG