Достапни линкови

Најмалку тројца загинати во судири во југоисточна Турција


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку три лица се убиени во улични судири меѓу турските сили за безбедност и курдски бунтовници во градот Јуксекова, во Југоисточна Турција. Абдулах Зејдан, пратеник од турската прокурдска Демократска партија на народите (ДПН) денеска изјави дека седум лица се повредени во судирите во Јуксекова, во близина на границата со Иран и Ирак. Според турските медиуми, немирите во градот започнале откако властите од синоќа вовеле полициски час. Над 100 лица, повеќето војници и полицајци, се убиени од минатиот месец по продолжување на конликтот меѓу забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и турските сили за безбедност.

XS
SM
MD
LG