Достапни линкови

Македонија и Србија бараат поголем ангажман од ЕУ околу мигрантите


Потребно е Европската унија да преземе конкретни мерки по прашањето на азилантите бидејќи издвоените по еден милион евра за помош на Македонија и на Србија не се доволни. Ова денеска го истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Попоски и Ивица Дачиќ, на заедничката прес-конференција на Конференцијата за Западен Балкан во Виена. Ако нема европски одговор на ова прашање никој од нас нема илузии дека проблемот ќе биде решен. Охрабрува тоа што Европската комисија е свесна за проблемот, истакна Попоски. Тој укажа дека Македонија е соочена со специфичен проблем што во неа влегуваат мигранти од земја-членка на ЕУ. Притоа тој нагласи дека во Македонија до скоро влегуваа по 4.000 бегалци дневно, како и дека прогнозите за наредниот период се дека дневно во земјата ќе пристигнуваат по 3.000 мигранти.

XS
SM
MD
LG