Достапни линкови

Азербејџанскиот фудбалер Хусеинов задржан во притвор


Познатиот фудбалер на азербејџанскиот фудбалски клуб Кабала осомничен во случајот во кој е претепан новинар до смрт, е задржан во притвор. Судот во Баку денеска го отфрли предлогот адвокатите на фудбалерот на Џавид Хусеинов да нивниот клиент да биде префрлен во домашен притвор. 30-годипниот новианр Расим Алијев на 9 август почина во болница во Баку, откако претходниот ден беше претепан. Хусеинов и уште пет други осомничени беа уапсени на 11 август. Хусеинов беше обвинет за непријавување на кривично дело. Ако биде прогласен за виновен, може да се соочи со казна затвор од пет години. Алијев пред да почине во болница рекол дека бил нападнат од поддржувачи на Хусеинов за критиките што новинарот ги напишал на неговоит профил на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG