Достапни линкови

Општините не кажуваат колку пари трошат


Предлог буџетот бил достапен на веб страната само кај девет општини, кај 33 е добиен на барање, а кај останатите 33 општини не бил добиен, покажува истражувањето на буџетската транспарентност на општините.

Во Македонија општините ретко го објавуваат предлог буџетот на веб страните и ретко или воопшто не преземаат активности за презентирање на трошењето на јавните пари пред граѓаните. Ова се резултати од едногодишниот мониторинг на буџетската транспарентност спроведен со финансиска помош од ЕУ.

Ќе повторам дека во препораките од последниот извештај за напредокот на земјата е нотирано дека мора да се подобри транспарентноста во менаџирањето на парите од јавните фондови и да се подобри учеството на цивилниот сектор во планирањето на политиките.

Според анализата предлог буџетот бил достапен на веб страната само кај девет општини, кај 33 е добиен на барање, а кај останатите 33 општини не бил добиен. Исто така во дел од заклучоците се наведува дека постојат општини кои се уште немаат функционални официјални веб страници, а дека и поголем дел од граѓаните сметаат дека општините немаат интерес да ги обелоденуваат овие информации или дека ги кријат. Проектот го спроведоа Центарот за економски анализи и Форум Центарот за стратешки истражувања и документација во соработка со десет локални организации.

Мауро Ди Вероли кој е раководител на секторот на делегацијата на ЕУ, изјави дека транспарентноста и отчетноста се принципи на добро владеење и клучен елемент на демократијата.

Ако немаме податоци не може да ја обвиниме владата дека добро или лошо работи. Како знаеме дека супер работи нашата влада. Ако немаме податоци ние знаеме само дека работи, не знаеме како работи.

„Ќе повторам дека во препораките од последниот извештај за напредокот на земјата е нотирано дека мора да се подобри транспарентноста во менаџирањето на парите од јавните фондови и да се подобри учеството на цивилниот сектор во планирањето на политиките“, изјави Мауро Ди Вероли, дополнувајќи дека ЕУ дава помош во оваа насока.

Професор Борче Треневски од Економскиот факултет во Скопје кажа дека транспарентноста на буџетскиот процес е предуслов за макроекономската стабилност на една држава, ја намалува корупцијата, ги подобрува институционалните капацитети и исклучително е важна за демократијата.

„Ако немаме податоци не може да ја обвиниме владата дека добро или лошо работи. Како знаеме дека супер работи нашата влада. Ако немаме податоци ние знаеме само дека работи, не знаеме како работи.“

За тоа каде е Македонија во однос на транспарентноста на буџетските процеси зборуваат и светските истражувања кои вклучуваат 100 земји.

„Се наоѓаме во земјите кои обезбедуваат минимални податоци за буџетите. Има едни земји кои не обезбедуваат никакви податоци, тоа се претежно африкански земји и неколку азиски. Ние сме во втората група. Не навлегуваме во методологијата на оваа организација само да го кажеме ова.“

Беким Имери од Светската банка укажа дека постои потреба од унапредување на комуникацијата меѓу граѓаните и локалната власт и оти има потреба да се работи и со граѓаните за тие да станат свесни за важноста дека општините треба да бидат транспарентни.

Дел од препораките за унапредување на буџетската транспарентност се однесуваат и на тоа дека е потребно да се активираат и граѓанските организации кои имаат за цел поголема отчетност и да се воспостават механизми за редовно организирање јавни дебати и дискусии за планирање и реализација на буџетот на општините.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG