Достапни линкови

Две армиски лица загинаа во бомбашки напад во Ирак


Двајца ирачки високи воени команданти се убиени во напад со автомобил бомба северно од Рамади – главниот град на провинцијата Анбар. Ирачките власти велат дека во нападот се убиени генерал-мајор Абдел Рахман Абу Рагиф и бригадниот генерал на 10 дивизија Сафин Абдел Маџид, заедно со уште три лица во оператвната команда во Анбар. Владините сили се борат против милитантите на Исламската држава во провинцијата Анбар. ИД започна силна офанзива во јуни 2014 година, заземајќи голем дел од територијата. Силите на Багдад повратија дел од контролата врз териториите северно од Багдад, но голем дел од западен Ирак, вклучително и Анбар се надвор од контрола на Владата.

XS
SM
MD
LG