Достапни линкови

Украина постига договор за реструктуирање на долгот


Украинската министерка за финансии Натали Јарешко соопшти дека Киев постигнал договор со меѓународните кредитори за реструктуирање на долгот, според кој дел од долгот од 18 милијарди долари ќе биде отпишан, а остатокот ќе биде продолжен до 2019 година. Јарешко изјави дека според договорот 20 проценти од долгот се отпишани и дека исполнети се сите цели поставени од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Таа истакна дека тие 20 проценти ќе бидат искористени и употребени за социјална заштита и за националната одбрана.Цените на украинските обврзници се зголемија, по веста за договорот.

XS
SM
MD
LG