Достапни линкови

Групата на ИД зазема нови територии околу турската граница


Милитантите на Исламската држава објавија дека заземале нова територија од сириските бунтовници во северна Сирија. Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека милитантите заземале пет села, вклучително две од другите сириски бунтовници во близина на турската граница. Групата на Исламската држава објави дека заземале три села во областа и дека нивните борци речиси го опколиле градот Мареа, кој е под контрла на бунтовниците на речиси 20 километри од турскат граница. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за Ројтерс изјави дека двете сојузнички на НАТО наскоро ќе започнат „сеопфатни“ воздушни операции против милитантите на ИД во пограничниот регион.

XS
SM
MD
LG