Достапни линкови

logo-print

Медиумите на ред пред работните групи


Архивска фотографија - Јавна расправа на тема „Потребни реформи во јавниот радиодифузен сервис

Архивска фотографија - Јавна расправа на тема „Потребни реформи во јавниот радиодифузен сервис

Претседатеот на ЗНМ, вели дека ова е добра прилика да се постави здрава основа за медиумите кои ќе му служат на јавниот интерес. ЗНМ ќе предложи низа мерки, а меѓу другото да се забрани политичкото рекламирање во најмоќните медиуми.

Работните групи кои работат на спроведување на договорот од Пржино за решавање на политичката криза во земјава се очекува во наредната недела да разговараат и за состојбата со медиумите. Според препораките на Прибе, јавниот сервис треба да се реформира и да се обезбеди негова непристраност, додека сите медиуми треба да се ослободат од политичките притисоци, при што не е прифатливо да се купува политичка поддршка преку нивното финансирање. Се препорачува и судовите за обвинувањата за клевета да носат пресуди на балансиран начин.

Медиумите треба да зависат од комерцијалните реклами на пазарот, а не нивното постоење и работење да го засноваат на јавните пари кои што ги добиваат од разни јавни институции.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, вели дека посредникот во разговорите, белгискиот експерт Питер ван Хојт им најавил дека ќе бидат повикани за да ги претстават нивните предлози за подобрување на состојбата со медиумите. Според него, ова е добра прилика да се постави здрава основа за медиумите кои ќе му служат на јавниот интерес, а не да бидат заложници на политичките и економски интереси на центрите на моќ.

„Мислам дека клучна интервенција за подобрување и за зајакнување на независноста на медиумите во Македонија ќе биде прашањето околу нивното финансирање. Без комерцијализација на медиумите не може да се надеваме на нивната професионалност. Медиумите треба да зависат од комерцијалните реклами на пазарот, а не нивното постоење и работење да го засноваат на јавните пари кои што ги добиваат од разни јавни институции“, смета Селмани.

Мислам дека договор тешко ќе биде постигнат и не сум оптимист, затоа што има многу работи кои што кај нас се влезени во практиката од кои што нема да сакаат да се откажат оние кои што имаат клиентелистички однос со владата.

Селмани додава дека ЗНМ ќе предложи низа мерки, а меѓудругото да се забрани политичкото рекламирање во најмоќните медиуми со што ќе се прекине клиентелизмот меѓу нив и политичките партии. Истата мерка ја предлага и поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, Мирче Адамчевски, според кој токму најтешко ќе биде медиумите да се ослободат од политичкиот притисок. Според него, платената политичка програма треба да оди на јавниот сервис.

„Мислам дека договор тешко ќе биде постигнат и не сум оптимист, затоа што има многу работи кои што кај нас се влезени во практиката од кои што нема да сакаат да се откажат оние кои што имаат клиентелистички однос со владата. Мислам на комерцијалните медиуми. Најлесен договор ќе се постигне за јавниот сервис, но и таму ќе зависи од модификацијата на тој договор и како ќе биде“, додава Адамчевски.

Селмани додава дека и на политичките партии веќе им е јасно дека без слободни и професионални медиуми Македонија не може да се етаблира како функционална демократија подготвена за интеграција во ЕУ.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG