Достапни линкови

logo-print

Обама и Меркел разговараа за мигрантите и за Украина


Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со германскиот канцелар Ангела Меркел за интензивирањето на насилствата во источна Украина при што било потврдено дека Русија треба да ја следи Украина во спроведувањето на обврските преземени со мировниот договор постигнат во Минск во февруари годинава. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Обама ја изразил неговата благодарност за раководењето на Меркел во справувањето со мигрантската криза во Европа. Притоа тој посебно ја спомнал нејзината одлука да ги олесни пречките на границите со цел да им се овозможи безбедно засолниште на сириските бегалци.

XS
SM
MD
LG