Достапни линкови

Македонски рулет


Виктор Петковски, Либерална унија на млади на Македонија.
Виктор Петковски, Либерална унија на млади на Македонија.

За многу млади, овие избори ќе бидат последни. Во едниот џеб лична карта, во другиот пасош. Мене ми беше мошне симптоматичен тој момент па сакав да му дадам и посебно име – Македонски рулет, пишува Виктор Петковски од Либералната унија на млади на Македонија во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Можеме да зборуваме што сакаме, но една работа мора да признаеме, Македонија и Кина во една работа се слични до бескрај. Македонецот на пазарот на труд вреди исто колку Кинезот. Економски феномен. Кина со две милијарди жители и Македонија со два милиони (попис 2002). Но, нема проблем, како ми изгледа на мене, колку помалку жители имаме, толку сме поевтини. Така што, нека му ја мисли Кина.

Закажани се избори за април 2016, но магијата почнува сега. Политичка кампања, реклами, спотови, ПР-от со своите психофизички анализи како на младата, така и на постарата популација.

Што се случува? Мошне актуелна (најактуелна) тема меѓу младите е работа во странство, а како не би била, кога сме барани како суво злато. Работодавците се фалат, добро работат, а не бараат многу, а не овие нашиве не можеш да ги доплатиш. И многу се фини бе, остануваат и после работа, без некој да им каже. Од каде таа мотивација? Сиромаштија? Низок стандард? Нема врска. Таков ген имаме ние, сакаме да работиме повеќе за помалку. Го освоивме светот, што би се рекло, за беспари. Секаде, каде и да одиме, имаме платено сместување и храна и 12 часови работна смена. И во Европа влеговме, кој вели дека не, само на задна врата (службен влез), има обично знак на таа врата - само за персонал.

Закажани се избори за април 2016, но магијата почнува сега. Политичка кампања, реклами, спотови, ПР-от со своите психофизички анализи како на младата, така и на постарата популација, ги прибира сите можни информации, сè со цел давање на реална димензија на живот кој ни во блиска иднина не би можеле да го имаме. Сега почнува тоа волшепство во кое треба да видиме и да се увериме колку нам ни е добро, колку сме нескромни во барањата за животен стандард, колку демографскиот земјотрес кој веќе со години го растура од темел македонскиот столб кој одвај ја држи оваа куќа да не се распадне целосно, всушност не е проблем.

За многу млади, овие избори ќе бидат последни. Во едниот џеб лична карта, во другиот пасош. Мене ми беше мошне симптоматичен тој момент па сакав да му дадам и посебно име – Македонски рулет.

За многу млади, овие избори ќе бидат последни. Во едниот џеб лична карта, во другиот пасош. Мене ми беше мошне симптоматичен тој момент па сакав да му дадам и посебно име – Македонски рулет. Тоа е онаа игра во која имате мали шанси да изгубите, но ако ја изгубите играта, губите се. Како се ближи денот на изборите нели темата станува сè поактуелна.

Но, јас би сакал да предложам, и сега и на денот на изборите, да не разговараме за избори. Ајде да разговараме дали некој ни нуди работа сега? Зошто сега? Ајде да разговараме што ќе се случи ако ја прифатиме. Имаме загарантирани 200 евра. Но, тоа не е сè. Влегуваме во клубот на вечни гласачи, со обврска да го зголемуваме нашето јато како би ја задржале платата. За неверојатни 200 евра. Понудата е едноставно неодолива и не знам зошто некој би ја одбил. Посебно младите. Искрено се надевам дека после овие и после сите наредни избори, ние младите повеќе ќе ја користиме личната карта отколку пасошот и Македонскиот рулет повторно ќе се претвори во вообичаен изборен процес, нормален ден како секој друг.

Уште еднаш сакам да апелирам до кинеските власти да ја преиспитаат својата политика, доколку вака продолжиме, нема што да бараат на пазарот да труд.

XS
SM
MD
LG