Достапни линкови

Напаѓачот на новинарите во Вирџинија се застрелал


Американските медиуми соопштуваат дека осомничениот, кој ги застрела новинарката и снимателот кои известуваа во живо за каналот ВДБЈ7 во американскат држава Вирџинија, се застрелал себеси откако на социјалните мрежи објавил видео од нападот. Властите велат дека осомничениот идентификуван како Вестер Фланаган, наводно бил незадоволен поранешен вработен во телевизијата. Лицето кое било интервјуирано го преживеало нападот, но е во болница и треба да му биде извршена операција.

XS
SM
MD
LG