Достапни линкови

СЕ:Милитаризацијата на границите е погрешен одговор на миграцијата


Комесарот за човекови права во Советот за Европа, Нилс Мијжниекс денеска упати критики кон Бугарија и Унгарија за нивниот однос кон мигрантите. Тој ги критикува властите во Софија и во Будимпешта за нивните планови за распоредување на војска на границите, со цел да спречат влегување на мигранти. „Плановите за употреба на армијата за спречување на кандидатите за азил во Бугарија и Унгарија се неразумни. Милитаризацијата на границите е погрешен одговор на миграцијата. Крајно неопходно е да се преземе европски одговор, кој ќе обезбеди пристап до азил и хумани услови за прием, напиша Мујжниекс на Твитер.

XS
SM
MD
LG