Достапни линкови

Иран побара ослободување на 19 затвореници од САД


Иран побара да бидат ослободени 19 Иранци од САД. Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ги повикуваат американските судски власти да стават крај на притворот на овие лица. Повикот доаѓа еден ден откако заменикот на министерот за надворешни работи Хасан Кашкави беше цитиран како вели дека исламската република нема планови да го размени новинарот на Вашингтон пост за ирански затвореници во САД.

XS
SM
MD
LG