Достапни линкови

Унгарија употреби солзавец против бегалците


Немири избија денеска на просторот на прифатниот центар за мигранти во Унгарија во пограничниот регион, а полицијата употребила солзавец против бегалците. Бранот мигранти, многумина од Сирија го погодија јужниот дел на унгарската граница минувајќи низ празнините на недовршената препрека. Унгарската Влада денеска дискутираше како да се употреби армијата за да помогне во обезбедувањето на јужната граница на земјата, каде што бранот мигранти влегува во Европската унија. Портпаролот на Владата, Золтан Ковач изјави дека секоја одлука за користење на армијата мора да биде базирана на одлука на Парламентот, каде следната недела ќе биде дискутирано прашањето. Според прогнозите на Обединетите Нации, се очекува бројот на мигрантите, кои минуваат низ блаканските земји на нивниот пат кон Европската унија, да достигне 3000 дневно.

XS
SM
MD
LG