Достапни линкови

ЕК: Поддршка на ЕУ за Западен Балкан на самитот во Виена


Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, потпретседателот за енергетската унија Марош Шефчовиќ и комесарот за европска политика на соседство и преговори за проширување Јоханес Хан ќе ја претставуваат ЕУ на самитот за Западен Балкан, кој ќе се одржи на 27 август во Виена, соопшти Европската комисија. Самитот ќе биде продолжение на напредокот постигнат по Берлинскиот самит одржан во август минатата година, а целта е натамошен развој на соработката на шестте земји од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија во решавање на заедничките предизвици, особено миграцијата, кои ги вклучуваат и регионалната соработка, верскиот дијалог и борбата против екстремизмот. Самитот ќе биде поделен во три сегменти, паралени состаноци на шефовите на владите, на министрите за надворешни работи и на министрите за економија.

XS
SM
MD
LG