Достапни линкови

Убиени двајца новинари во американската држава Вирџинија


Новинарите Алисон Паркер и Адам Вард.

Новинарите Алисон Паркер и Адам Вард.

Двајца новинари биле застрелани и убиени додека известувале во живо, во источната американска држава Вирџинија. Телевизискиот канал ВДБЈ7 соопшти дека Алисон Паркер и Адам Вард биле застрелани во напад што се случил утринава, додека снимале интервју во областа Бедфорд. Видеото од инцидентот покажува како новинарката интервјуира некого, додека одеднаш започнуваат да се слушаат истрели. Камерата во моментот паѓа на земја, а новинарката се слуша како вреска. „Не го знаеме мотивот“, рече генералниот менаџер на станицата Џефри Маркс, додавејќи дека не знаат кој е убиецот и дека тој се уште е на слобода.

XS
SM
MD
LG