Достапни линкови

Меркел: нема толеранција за ксенофобијата


Германскиот канцелар Ангела Меркел за време на посетата на градот на истокот од земјата каде минатата недела избија насилни протести за бегалците, изјави дека нема толеранција за ксенофобијата во Германија. „Нема толеранција за оние кои го доведуваат во прашање достоинството на другите, нема толеранција за оние кои не се подготвени да помогнат онаму каде е побарана легална и човечка помош“, рече таа. Претходно, околу 200 екстремно десничарски демонстранти се соочија со Меркел за време на нејзината посета на бегалскиот центар Хеиденау извикувајќи „предавник, предавник!“ Меркел за насилството рече дека е „срамно.“

XS
SM
MD
LG