Достапни линкови

logo-print

Осомничениот Узбекистанец есктрадиран во Шведска


Шведскиот обвинител, Кристер Петерсон.

Шведскиот обвинител, Кристер Петерсон.

Узбекистанскиот државјанин осомничен за обид за убиство на имам кој го критикувал режимот во Узбекистан, е есктрадиран во Шведска. Шведскиот обвинител Кристер Петерсон денеска изјави дека човекот во јануари бил уапсен во Москва, врз основа на меѓународна потерница. Тој истакна дека осомничениот, чие име не се објавува според шведските правила за приватност, вчера напладне пристигнал во Шведска. Имамот Обидхон Кори Назаров во 2006 година добил азил во Шведска, по бегство од неговата родна земја во 1998 година. Тој беше еден од најпопуларните имами во Централна Азија во раните 90-ти, поради што стана цел на владата на претседателот Ислам Каримов. Во 2012 година, беше застрелан во глава во градот Стромсунд во северна Шведска, во напад опишан како политички мотивиран. Назаров го преживеа нападот, но Петерсон вели дека има оштетување на мозокот.

XS
SM
MD
LG