Достапни линкови

Унгарија дискутира како армијата да ја обезбеди границата


Унгарската Влада дискутираше како да се употреби армијата за да помогне во обезбедувањето на јужната граница на земјата, каде што бранот мигранти влегува во Европската унија. Портпаролот на Владата, Золтан Ковач изјави дека секоја одлука за користење на армијата мора да биде базирана на одлука на Парламентот, каде следната недела ќе биде дискутирано прашањето. Бранот мигранти, многумина од Сирија вчера го погоди јужниот дел на унгарската граница минувајќи низ празнините на недовршената препрека. Според прогнозите на Обединетите Нации, се очекува бројот на мигрантите, кои минуваат низ блаканските земји на нивниот пат кон Европската унија, да достигне 3000 дневно.

XS
SM
MD
LG