Достапни линкови

Анкета: АКП нема да освои мнозинство на изборите


Владејачката Партија на правдата и равојот (АКП) во Турција нема да има доволно поддршка на претстојните предвремени избори на 1 ноември за да управува сама, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата Метропол. Партијата има поддршка од 41,7 отсто од анкетираните. Републиканската народна партија има поддршка од 25,5 отсто, Партијата на националистичко движење 15,7 отсто, а прокурдската Демократска партија на народите 14,7 отсто, што е зголемена поддршка во однос на изборите во јуни кога изнесуваше 13,1 отсто. „Најверојатно на предвремените избори нема да има различна политичка ситуација од изборите на 7 јуни“, наведува Јозер Сенџар, шеф на агенцијата Метропол. Анкетата била извршена меѓу 14 и 16 август.

XS
SM
MD
LG