Достапни линкови

Инцко очекува компромис во Брисел за референдумот во РС


Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко очекува дека во Брисел ќе дојде до „здрав компромис“ кога е во прашање референдумот во Република Српска за Судот и Обвинителството во БиХ. Инцко посочи дека комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан ги повикал тројцата министри за правда од БиХ во Брисел. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик претходно изјави дека ако некој сака да не се одржи најавениот референдум во РС за правосудниот систем во БиХ ќе мора да понуди решение преку реформи, а таква можност ќе има на 10 септември во Брисел на новата рунда разговори.

XS
SM
MD
LG