Достапни линкови

Во Виена конференција за Западен Балкан


Виена

Виена

На дводневната конференција за Западен Балкан што денеска и утре ќе се одржи во Виена ќе учествуваат премиерите и министрите за надворешни работи и за економија на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија. Собирот е дел од Берлинскиот процес што во минатата година го иницираше германскиот канцелар Ангела Меркел со цел приближување на Западен Балкан кон Европската унија. Денеска е предвиден состанок на министрите за надворешни работи. Состанокот на премиерите е предвиден за утре. Самитот ќе го отвори австрискиот канцелар Вернер Фајман кој по завршувањето заедно со Меркел ќе ја информира јавноста за постигнатите резултати. За вечер е планиран и фудбалски меч меѓу учесниците на кој ќе судат еврокомесарот Јоханес хан и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

XS
SM
MD
LG