Достапни линкови

Партиските работни групи и денеска за изборните закони


Белгискиот експерт Питер Ван Хојте кој учествува во разговорите меѓу партиските работни групи за реализација на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија најави дека денеска продолжува работата на изборниот законик и изборниот процес. „Не е лесно, но сум оптимист дека ќе успееме“, изјави тој по вчерашните разговори за кои оцени дека биле многу добри. Ван Хојте најави дека до крајот на неделава се очекува претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА да разговараат и за прашањето за специјалниот јавен обвинител кој треба да биде избран најдоцна до 15 идниот месец.

XS
SM
MD
LG