Достапни линкови

ПКК: Воздржување од нападите врз турските сили


Еден од лидерите на Курдската работничка партија (ПКК) Дуран Калкан денеска ги повика борците да се воздржат од напади врз турските безбедносни сили. Неговиот апел доаѓа по ескалацијата на насилството во Југоисточна Турција по прекинот на примирјето од страна на ПКК. Калкан не нареди прогласување на ново примирје, но истакна дека нападите врз војниците, кои ги извршуваат своите обврски, се во спротивност на ставовите на ПКК. Над 60 полицајци и војници загинаа, а приближно 200 се повредени во нападите на ПКК и групите поврзани со неа. Според турските медиуми 800 борци на ПКК се убиени, но таа информација не е потврдена. Калкан исто така апелираше и до турските војници да не бидат жртви на „воените игри“ на Партијата на правдата и развојот (АКП), која ја обвини дека ги користат вооружените сили за да ја задржат власта.

XS
SM
MD
LG