Достапни линкови

Маврово-Ростуше рај за алтернативниот туризам


Водопади во село Дуф.

Водопади во село Дуф.

Она што го нуди Општина Маврово – Ростуше, особено Националниот парк „Маврово“, претставува голем туристички потенцијал, а општината претставува рај за она што го нарекуваме алтернативен туризам, вели Насер Хот од Агенцијата за промовирање и поддршка на туризмот.

Убавините на Националниот парк „Маврово“ и културно историското богатство во Општина Маврово – Ростуше треба максимално да се искористат и во оваа општина алтернативниот туризам може да привлекува туристи во текот на целата година. Оваа оценка ја изнесуваат претставниците на Агенцијата за промовирање и поддршка на туризмот во Република Македонија. Во проектот што го подготвува оваа агенција „Македонија 365 дена“ едно посебно место има општината Маврово – Ростуше, вели Насер Хот од оваа агенција.

Она што го нуди Општина Маврово – Ростуше, особено Националниот парк „Маврово“, претставува голем туристички потенцијал. Дали сме доволно подготвени со сместувачки капацитети, тоа е друга работа и треба да има стратегија во општината за ова прашање.

„Она што го нуди Општина Маврово – Ростуше, особено Националниот парк „Маврово“, претставува голем туристички потенцијал. Дали сме доволно подготвени со сместувачки капацитети, тоа е друга работа и треба да има стратегија во општината за ова прашање. Туризмот е голем бизнис и претставува игра на сетила. Сè треба да се види, да се вкуси, а за ова Маврово – Ростуше претставува рај за таков вид туризам каков што го нарекуваме алтернативен туризам“, вели Хот.

Галичка свадба.

Галичка свадба.

Во Општина Маврово-Ростуше велат дека и манифестацијата „Летен културен бран“ како проект вон сферата на туризмот има свој придонес во развојот на туризмот.

Традиционалниот избор на најдобрата мавровско – реканска пита е само дел од настаните што секоја година се организираат во нашава општина.

„Традиционалниот избор на најдобрата мавровско – реканска пита е само дел од настаните што секоја година се организираат во нашава општина. Овие активности овде се организирани и во моментот кога овде со нас се печалбарите, но и голем број туристи од Скопје и други градови“, истакнува градоначалникот на оваа општина Мукрем Мехмеди.

Според него, бројни се туристичките локации кои ги посетуваат особено домашните туристи.

„Во рамките на овој настан организирана е и тура до водопадите во Дуф. Има и посети на манастирот „Свети Јован Бигорски“ и други туристички локалитети“, вели тој.

РСЕ: Расте ли бројот на туристите кога се реализираат овие манифестации?

„Да. Апсолутно. Секоја година имаме зголемување на бројот на туристите. Сега овие активности се во рамките на манифестацијата „Летен културен бран“, кој е дел на големата Скопска манифестација „Скопско културно лето“ и очекуваме бројот на туристите да расте и на другите туристички активност“, вели тој.

Локалната власт на Општина Маврово – Ростуше има редовни контакти и соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, но и со сите други чинители во туризмот во поширокиот регион, сè со цел подобро да се координираат активностите за организирање на туристички манифестации.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG