Достапни линкови

ИАЕА ја разгледува нуклеарната програма на Иран


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) соопшти дека агенцијата овој месец добила „суштински обем“ на информации од Иран, во однос на зголементе загрижувања за нуклеарните воени елементи на земјата. Директорот на ИАЕА Јукија Амано, рече дека информациите ги добиле на 15 август, посочувајќи дека е рано да се каже дали од сето тоа има нешто ново. Тој додаде дека од повеќе земји членки побарал повеќе средства за да се обезбеди работата на агенцијата за нуклеарната програма на Иран. Според договорот меѓу Иран и шесте светски сили потпишан на 14 јули, санкциите против Техеран треба да бидат олеснети според изветаите на ИАЕА за минатата и сегашната програма на Иран.

XS
SM
MD
LG