Достапни линкови

Русија одржува воени вежби во западните региони


Руските воздушни, копнени и ракетни сили одржуваат воени вежби на западните делови на земјата, во услови на загриженост дека Москва притиска и ја зголемува непријателската политика кон Европа. Руското министерство за одбрана денеска во соопштението не прецизираше колку далеку од границите со Украина и западноевропските земји се одржуваат вежбите. Новинската агенција Интерфакс цитираше воени претставници како велат дека артилериски и хеликоптерски вежби се случуваат во регионите Псков и Ленинградски, во близина на границите со балтичките републики.

XS
SM
MD
LG