Достапни линкови

logo-print

Судири во палестински бегалски камп во Либан


Нови судири биле пријавени во најголемиот палестински бегалски камп во Либан, меѓу исламски милитанти и членови на палестинското движење Фатах. Проблемите во бегалскиот камп во близина на пристанишниот град Сидон почнаа на 22 август по неуспешниот обид за атентат на официјален претставник на Фатах – партијата на палестинскиот претседател Махму Абас. Тројца луѓе беа убиени во насилства на 22 август и оттогаш стотици луѓе бегаат од компот. Палестинскиот амбасадор во Либан Ашраф Дабур изјави дека е постигнат договор за прекин на огнот доцна на 24 август. Но, судири повторно избија денеска. Дабур рече дека исламските милитанти се обидуваат да ја преземат контролата над кампот.

XS
SM
MD
LG