Достапни линкови

САД и Турција во обемна акција против ИД


Турското министерство за надворешни работи соопшти дека турските и американските претставници склучиле „технички разговори“ за операциите против милитантната група на Исламската држава. Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека турските и американските воени претставници потпишале договор за техничките детали и процедури. Тој не изнесе детали, но претходно рече дека наскоро ќе започне обемна и координирана операција против милитантната група. Турција се согласи на подлабоко вклучување во борбата против ИД. Таа изведе рации против цели на ИД во Сирија и дозволи САД да ја користат клучната воена база во близина на границата со Сирија, против милитантите на ИД.

XS
SM
MD
LG