Достапни линкови

Бугарија ќе одржи воени вежби на границата со Македонија


Бугарија ќе одржи воени вежби во близина на границата со Македонија, во услови на зголемен проток на мигранти низ соседните балкански земји. Шефот на генералштабот на бугарската армија Валерија Кардашевска за Ројтерс изјави дека ситуацијата во Македонија, Грција и Србија „е прилично комплицирана и ние мора да реагираме превентивно.“ Повеќе од 5000 луѓе на 23 август влегоа во Србија од Македонија на пат кон западна Европа, откако Македонија се откажа од обидите со сила да ги запре бегалците главно од Сирија.

XS
SM
MD
LG