Достапни линкови

logo-print

Пожар во авганистанскиот град Херат, десетина загинати


Авганистанските власти соопштија дека над десет луѓе загинале во денешниот голем пожар на терминалот за природен гас во градот Херат. Во инцидентот, како што за Ради Слободен Авганистан изјавија локалните власти, имало и неколкумина повредени. Пред избувнувањето на пожарот се слушнале неколку силни експлозии. Се уште не е јасно дали станува збор за несреќен случај или за напад во третиот по големина град во Авганистан.

XS
SM
MD
LG