Достапни линкови

logo-print

Ердоган распиша избори во Турција


 Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган распиша нови избори, ден по истекот на рокот за формирање нова влада. Во соопштението на претседателскиот кабинет не е наведено кога изборите би биле одржани, но Ердоган претходно најави дека тоа најверојатно би било на 1 ноември годинава. Се очекува Ердоган повторно да го наименува Ахмед Давутоглу да формира преодна влада. Ердогановата владејачка Партија на правдата и развојот на изборите во јуни го загуби мнозинството во парламентот, прв пат од 2002 година. Двомесечните преговори за формирање коалициска влада не донесоа резултат.

XS
SM
MD
LG