Достапни линкови

Мигрантите почнаа да пристигнуваат во Унгарија


Над илјада мигранти и бегалци почнале да пристигнуваат во Унгарија. Според новинските агенции, станува збор за луѓе кои македонските власти се обидоа да ги запрат на границата со Грција во изминатиот викенд. Тие во Унгарија пристигнале од Србија преку железничкиот граничен премин меѓу двете земји. Србија и Македонија ова лето се погодени од бран мигранти кои сакаат да стигнат во Европската унија преку „западно балканската рута“ која стана најпопуларна за оние кои бегаат од со војна зафатените Сирија, Ирак и Авганистан барајќи работа или бегалски статус во Европа.

XS
SM
MD
LG