Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала облачност која во попладневните часови ќе се зголеми. Во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб, претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

XS
SM
MD
LG