Достапни линкови

ПКК нема да прогласува еднострано примирје


Курдската работничка партија (ПКК) објави дека повеќе нема да објавува еднострано примирје, пишува турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“. Еден од раководителите на ПКК Џемаил Бајик за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјави дека ПКК повеќе нема да објавува еднострано примирје, со оглед на досегашното искуство на групата. Претходно лидерот на прокурдската Демократска партија на народите Селхатин Демирташ ги повика бунтовниците безусловно да го остават оружјето. Според Бајик Турција најпрво го забавила процесот за мир, а потоа и целосно го отфрлила и дека поради тоа повеќе нема да прифаќаат повици за разоружување

XS
SM
MD
LG